Ништо од трансферот на Саму Омородион на Стемфорд Бриџ, Челси и Атлетико Мадрид сега преговараат за Жоао Феликс.
Се чинеше дека Омородион во Челси е завршена работа, но настанал проблем поради кој англискиот клуб се откажал од ангажман на напаѓачот.
Има две верзии зошто се случило тоа. Првата е паднал на медицинските прегледи поради одреден здравствен проблем, а втората е дека некоја од страните барала промена во договорот.
Откако станало јасно дека нема да има ништо од трансферот нд Омородион, Челси и Атлетико Мадрид почнале преговори за Жоао Феликс. Двата клуба доцна синоќа разговарале и со агентот на фудбалерот, Жорж Мендеш.
Жоао Феликс една полусезона одигра за Челси на позајмица, па многу добро го познава клубот. Големи се шансите преговорите да завршат позитивно.