Соработката на Иван Перишиќ и Хајдук Сплит веројатно ќе има неславен крај.
Иако клубот го дочека да се врати од повреда, на стартот на сезоната искусниот фудбалер не пружи добри партии. Поради тоа тренерот Џенаро Гатузо повеќе не смета на неговите услуги, па на крајот на преодниот рок се бараше решение за неговата идинина.
Перишиќ требаше во последниот ден од трансфер рокот да се пресели во редовите на новиот италијански прволигаш Комо. Сè беше договорено, дури клубовите ставија и потписи на договорите, меѓутоа тоа се случило по полноќ и договорот не може да биде депониран. Така трансферот на Перишиќ во Комо во тој момент пропадна.
Сепак, заинтересираните страни пронајдоа заеднички јазик. Хајдук објави дека клубот и Иван Перишиќ спогодбено го раскинаа договорот и тој се очекува да пристигне во Комо како бесплатен фудбалер. Италијанскиот клуб инаку требаше да му плати 200.000 евра за клаузулата на Хајдук.