Според последните информации на дел од шпанските и хрватските медиуми, Реал Мадрид покажал интерес за доведување на хрватскиот тален Лука Вушковиќ.
Сезонава Вушковиќ игра како позајмен фудбалер од Тотнем во белгиски Вестерло и запиша 14 настапи во кои постигна четири гола.
Тотнем за него плати 14 милиони евра и откако ќе наполни 18 години би требало да се пресели во Лондон, но „кралевите“ можат да направат проблем на премиерлигашот.
Вушковиќ е фудбалер кој испиша историја во Хајдук каде што стана најмлад дебитант на официјалните натпревари и тоа во дербито со Динамо Загреб. Првиот настап го забележа на 16 години и два дена, а веќе три дена подоцна во Купот на Хрватска и го постигна првиот гол на официјалните натпревари.