Торино одби понуда од Сити за играчот кој е на мета на италијанските гиганти

by 24 фудбал
1 минути читање

Самуеле Ричи е играч кој привлекува големо внимание на „чизмата“, а според најавите на „Тутоспорт“ постоела и понуда од Премиер лигата.

Ниту помалку, ниту повеќе заинтересиран за Ричи е Манчестер Сити. Според информациите на наведениот медиум Торино одбил понуда повисока од 30 милиони евра за Ричи од „граѓаните“. Барањата на „биковите“ се меѓу 35 и 40 милиони евра за младиот и талентиран фудбалер за врска.

Се очекува Манчестер Сити да испрати и втора понуда до италијанскиот клуб за репрезентативецот.

За услугите на Ричи има интерес и од италијанските гиганти. Досега најконкретни на оваа тема беа Наполи и Милан кои се распрашуваа за опциите да го доведат фудбалерот уште во јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани