Тони до Гвардиола: Го уништи фудбалот, поради тебе четири години не можев да си најдам клуб…

by 24 фудбал
1 минути читање

За време на репрезентативната пауза Пеп Гвардиола беше во Италија, а во Ломбардија се сретна со поранешните италијански репрезентативци Лука Тони и Роберто Баџо.

Тони реши да сними интересно видео во кое на Пеп му укажува дека поради него четири години не можел да си најде клуб. Тој алудираше на фактот дека Гвардиола го популаризира играњето без класичен напаѓач пред повеќе од една деценија.

„Пеп, ти го уништи фудбалот со твојата лажна деветка. Не можев да си најдам клуб четири години. Дали играше така само поради Меси? Ти се допаѓаат ли воопшто класичните напаѓачи?“, започна Тони шегувајќи се.

На тоа доби краток одговор од Гвардиола, кој кажа: „Секако, сега го имам Халанд кој дава 60 гола по сезона. Освоив „триплета“ со него, ама центарфорите мора да бидат добри, ме разбираш?“.

Тони шеговито му врати: „Добро, но те молам престани со лажните деветки. Големите централни напаѓачи се подобри“.

Инаку, Тони и Гвардиола кратко беа соиграчи во Бреша во 2003 година, а и понатаму имаат пријателски односи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани