„Титула? Со Тен Хаг Манчестер Јунајтед е далеку милиони километри“

by Стефан
1 минути читање

Формата на Манчестер Јунајтед не дава многу надеж за подобра сезона, без оглед на победата која ја остварија на „Сент Мери“.

„Црвените ѓаволи“ славеа победа против Саутемптон и така стигнаа до учинок од две победи и два порази во раната фаза, но според легендата Двајт Јорк понуденото досега не е доволно.

„Со Тен Хаг на клупата Манчестер Јунајтед е милиони километри далеку од титулата. Тен Хаг требаше да биде човекот со кој ќе одиме напред, но тоа не се случува. Го освоивме ФА Купот, тоа е добро е за клупските витрини да не остана празни, сепак кога ќе се погледне поширокаата слика ситуацијата не е добра.

Не постои идентитет на тимот, играме лошо, не постигнуваме многу голови, примаме лесни погодоци…“, изјави Јорк.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани