222
Новиот тренер на Јувентус, Тиаго Мота, е видно незадоволен од ситуацијата во играчкиот кадар.
Младиот тренер особено е загрижен по поразот на Јувентус од Нирнберг (3-0) на пријателски натпревар. Според Италијанците, под посебна лупа е скапиот напаѓач Душан Влаховиќ. Имено, Србинот не е баш омилен играч на Мота, па се споменува дури и можност тој да побара од клубот да се доведе замена.
Веќе дури се шпекулира и за името на потенцијалниот нов напаѓач на Јувентус. Се работи за Максимилијан Беиер, 21-годишниот напаѓач на Херта Берлин. Минатата сезона во Бундеслигата тој постигна 16 погодоци и запиша три асистенции, се наоѓа на мета на повеќе клубови, а според „Трансфермаркт“ е проценет на 30 милиони евра.