Манчестер јунајтед по крајот на минатата сезона одлучи да му даде шанса на Тен Хаг и понатаму да го води тимот, но тоа не донесе никаков прогрес.
Манчестер јунајтед не само што стагнира туку статистиката вели дека е уште полош од минатата сезона.
Денеска Црвените ѓаволи одиграа 0-0 на гостувањето кај Астон Вила, со тоа поставија негативен рекорд во освоени бодови по седум кола во Премиерлигата.
Минатата сезона Ерик тен Хаг го изедначи негативниот рекорд за најмалку освоени бодови на Манчестер јунајтед по седум натпревари во Премиерлигата. Тогаш имаше само 9.
Оваа сезона по седум одиграни меча Манчестер јунајтед има освоено само осум бодови, што е нов негативен рекорд на клубот.
Колку е лош тимот стои и фактот дека имаат дадено само пет гола во Премиерлигата оваа сезона, од нив помалку голови има дадено само Саутемптон.