248
Македонскиот фудбалер Дарко Илиески по заминувањето од Шкупи се реши за нов предизвик во странство.
Стоперот ќе ја продолжи кариерата во редовите на Истиклол Душанбе, клуб од Таџикистан кој се натпреварува во тамошниот елитен ранг на фудбалот. Илиески потпиша договор на една сезона со таџикистанскиот клуб.
Кариерата на искусниот стопер беше главно во Македонија, каде што играше за Шкупи, Струга, Пелистер, Борец, 11 октомври и Металург, додека надвор од земјава беше дел од Копер и Ширак Гиумри.
Последниот ангажман на Илиески беше во Шкупи, чиј член беше година и половина.