Таткото на младата фудбалска ѕвезда, Ламин Јамал, Мунир Насрауи го даде првото интервју од болницата откако заврши во неа по неколкуте убоди од нож.
На нападот му претходеше расправија на улица во соседството каде што живее Мунир Насрауи. Тогаш интервенираше и полицијата, е истиот ден вечерта оние со кои се расправаше таткото на Јамал, го избодеа со нож.
„Бев меѓу животот и смртта, ми беше страв како што би му било страв на секој друг човек. Мора да бидам мирен за доброто на сите, поради себе и семејството. Немам избор. Мора да веруваме дека правдата ќе го направи своето. Благодарен сум што можам да зборувам. Се чувствувам малку подобро, тргнат сум од одделението за интензивна нега“, изјави Мунир Насрауи од болницата.
Тој уште неколку денови ќе биде во болница по што ќе биде пуштен дома.