192
Moасир Родригез Сантос поранешниот играч за врска на бразилската репрезентација и фудбалер кој настапуваше и во Шпанија, почина на 54-годишна возраст.
Кариерата која ја започна во младинските категории на Санта Терезе во Бело Хоризонте ја помина во главно во бразилските клубови, но подоцна беше дел и од Севиља и Атлетико Мадрид во Шпанија.
Во Атлетико помина само шест месеци, додека за Севиа играше две сезони. Иако во двата шпански клуба имаша статус на ѕвезда, сепак не остави преголема трага. Потоа се врати во Бразил, а една сезона одигра и во Јапонија за Токио Верди.
Репрезентативец на Бразил беше една година во периодот од 1990 до 1991 година.