На 76-годишна возраст, по долга борба со ракот починал славниот шведски фудбалски тренер Свен-Горан Ериксон.
Ериксон неодамна испрати проштална порака преку документарниот филм за него кој допрва треба да ја има премиерата.
Швеѓанецот знаеше дека неговите денови се избројани, па преку документарецот им се обрати на сите.
„Имав добар живот. Сите се плашиме од денот кога ќе умреме, но смртта исто така е дел од животот. Се надевам дека на крајот луѓето ќе речат дека сум бил добар човек, свесен сум дека не го мислат сите тоа, но тоа е. Се надевам исто така дека ќе ма памтите како позитивен човек кој се трудеше да прави се што може. Немојте да ви биде жал, насмејте се. Ви благодам за се, тренери, играчи, навивачи… беше фантастичен. Чувајте се и чувајте го својот живот и живејте го. Здраво“, објави Ериксон.
Тој денеска почина, но зад себе остави голем траг во фудбалот.
Фудбалската кариера не му беше блескава, но се прослави како тренер.
Пет години беше селектор на Англија, ги водеше и Мексико и Брегот на слоновата коска, а од клубовите беше тренер на Бенфика, Рома, Фиорентина, Сампдорија, Лацио, Манчестер Сити, Лестер….