Холандскиот судија Дани Мекели повеќе нема да дели правда на Европското првенство, одлучи УЕФА.
УЕФА донела одлука по неговата лоша арбитража на натпреварот помеѓу Хрватска и Италија да го отстрани од списокот на судии кои ќе продолжат во нокаут фазата.
На Мекели во тој натпревар на Хрватска и Италија кој заврши 1:1 најмногу му се замерува за продолжувањето од осум минути бидејќи токму во осмата минута од судиското продолжение Италијанците постигнаа гол кој значеше елиминација за Хрватска.
Исто така Мекели судеше и на натпреварот помеѓу Германија и Унгарија кој заврши со победа на Германците од 2:0. Тогаш реакции на неговото судење имаа и Унгарците.
Холандскиот портал „АД“ објави и дека Мекели кој е полициски инспектор веќе е вратен во Ротердам.