153
Барселона го доби првото Ел Класико во новата сезона против Реал Мадрид со 2-1. Двоен стрелец за каталонскиот тим беше Пау Виктор, додека за мадриѓани погоди Нико Паз.
Средбата инаку беше прекината по само 11 минути игра, а причината беа временски непогоди. Времето беше толку лошо, врнеше силен дожд, а во близина удираа и громови.
Поради тоа судијата Виљареал во договор со делегатот реши да го прекине мечот. Фудбалерите на теренот беа во бунило и сакаа да продолжат да играат, но мораа да чекаат повеќе од еден час за времето да се смири.
Luka Modrić is all of us. 😭 pic.twitter.com/ar0qtI1E9I
— TC (@totalcristiano) August 3, 2024