Единствениот македонски претставник кој „преживеа“ по првото претколо за европските натпреварувања е Струга Трим Љум. Шампионот на ПМФЛ беше елиминиран во првата рунда на Лигата на шампионите, а тоа значи дека ќе продолжи да се натпреварува во Конференциската лига.
Во оваа фаза Струга ќе игра против екипата на Пјуник, која исто така беше елиминирана од квалификациите за елитното натпреварување, двомеч кој се игра в четврток и седум дена подоцна.
УЕФА ја одржа ждрепката и за следната фаза на европските натпреварувања. Така, ако Струга успее да го мине Пјуник, во третото квалификациско коло ќе вкрсти со подобриот од мечот меѓу Диферданж од Луксембург и Ордабаси од Казахстан. Тие натпревари се закажани за 8 и 15 август.