193
Финалниот натпревар меѓу Аргентина и Колумбија кој се играше на „Хард Рок“ стадионот во Мајами, доцнеше повеќе од еден час поради нередите кои ги создадоа навивачите, пред се колумбијските.
Пред стадионот дојдоа и илијадници навивачи без билет за натпреварот, сакаа да си ја пробаат среќата да влезат и дел успеаа да го направат тоа.
Ја искористија катастрофалната организација на домаќинот, па туркајќи се влегуваа, некои пробуваа тоа да го направат дури и преку вентилацијата.
Се случуваше стампедо, фанови со купени билети плачеа од нередите кои се случуваа, сцените беа ужасни, а организаторот кој и онака беше мета на критики, во финалето скандалозно потфрли.