Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси беше расположен и за шега во пресрет на денешната премиера на неговата репрезентација на Европското првенство во Германија.
Србија ја имаше таа „среќа“ да игра со Англија на почетокот од Европското првенство, Стојковиќ вели дека тие се добро подготвени за турнирот.
„Имав среќа во животот да ги искусам Светското и Европското првенство и како играч и како селектор. Овој вид на турнири бара максимална концентрација и да покажете квалитет на секој меч“, вели Стојковиќ.
„Нема разлика меѓу првиот, вториот и третиот меч во групата. Стартуваме против еден од фаворитите, но работевме напорно за да се подготвиме најдобро што можеме за предизвиците пред нас. Од тренерска страна направивме сѐ за фудбалерите да имаат тренинзи на највисоко ниво. Верувам дека физички и тактички сме подготвени“.
Стојковиќ беше прашан што ќе се случи ако Србија вечерва прва даде гол, тој се пошегува.
„Ако први дадеме гол, ќе им наредам на момците да дадат и втор! Шегата на страна, ќе видиме како ќе се развива натпреварот. Кога играте против Англија треба да бидете на вашето најдобро ниво. Ќе направиме сѐ за да им создадеме проблеми и да креираме шанси. Ова е турнир, секој гол е важен. Ќе биде подготвени за предизвикот“.