80
Голем удар претрпе екипата на Јувентус, бидејќи во мечот со РБ Лајпциг (2-3) во Лигата на шампионите остана без еден од најдобрите играчи.
Глеисон Бремер се повреди и го очекува долга пауза од фудбалот. Бразилскиот стопер ги скина предните вкрстени лигаменти, а има проблем и со менискусот во коленото. Тој речиси сигурно ќе мора да оди на операција.
Поради тоа, Тиаго Мота го загуби бразилскиот стопер до крајот на сезоната. Долг е периодот на рехабилитација од овој вид на повреди, особено по оперативен зафат.