330
Хрватскиот фудбалски синдикат по дванаесетти пат ги додели наградите под името „Трофеј Ногометаш“.
Во изборот на најдобрите во хрватскиот фудбал имаше место за македонскиот бек Стефан Ристовски. Дефанзивецот на Динамо Загреб беше дел од идеалниот тим на првенството за сезоната 2023/24, откако беше еден од клучните играчи во походот на новата титула.
Покрај Ристовски, во изборот има уште шест играчи на Ријека, дополнителни четворица од Динамо и еден од Осијек.
Идеалниот тим на сезоната во ХНЛ: Недиљко Лабровиќ, Бруно Года, Стјепан Радељиќ, Нико Галешиќ, Стефан Ристовски, Тони Фрук, Мартин Батурина, Јосип Мишиќ, Бруно Петковиќ, Марко Пјаца, Рамон Миерез.