145
Еден од стандардните репрезентативци на Македонија, Стефан Ашковски, кареирата ќе ја продолжи во Втората лига на Турција.
Нов клуб на левиот бек е Шанлиурфаспор со која пред неколку денови потпиша договор за следната сезона. Ашковски се враќа во Турција, бидејќи во 2016 година имаше кратка епизода во оваа земја во Ерчијеспор.
Кариерата на Ашковски е доста богата, а тој не се задржува во еден клуб повеќе од една сезона. Тој досега во кариерата беше дел од 15 клубови, а минатата пролет ја мина во ерменски Алашкерт.