Стартува новото, четврто издание на Лигата на нациите во кое титулата ќе ја брани селекцијата на европскиот првак Шпанија.
Со натпревар во Лигата Ц меѓу Азербејџан и Шведска ќе се крене завесата во Лигата на нациите. Веќе вечерва ќе има неколку супер-интересни пресметки. Шампионот Шпанија гостува во Белград кај Србија, Данците се домаќин на Швајцарија, Португалија ќе ја дочека Хрватска…
Македонија својот прв настап во натпреварувањето ќе го има во сабота против Фарски Острови на гостински терен во 15:00 часот. Нашата селекција се наоѓа во групата 4 од Лигата Ц, каде што освен Фараните се уште и репрезентациите на Ерменија и Летонија.
- Групите за Лигата на нациите:
Лига А
Група 1: Полска, Португалија, Хрватска, Шкотска
Група 2: Франција, Италија, Белгија, Израел
Група 3: Германија, Холандија, Унгарија, Босна и Херцеговина
Група 4: Швајцарија, Шпанија, Данска, Србија
Лига Б
Група 1: Чешка, Албанија, Украина, Грузија
Група 2: Грција, Англија, Ирска, Финска
Група 3: Австрија, Словенија, Норвешка, Казахстан
Група 4: Турција, Исланд, Црна Гора, Велс
Лига Ц
Група 1: Шведска, Естонија, Словачка, Азербејџан
Група 2: Романија, Литванија, Кипар, Косово
Група 3: Северна Ирска, Белорусија, Бугарија, Луксембург
Група 4: Македонија, Ерменија, Летонија, Фарски Острови
Лига Д
Група 1: Сан Марино, Лихтенштајн, Гибралтар
Група 2: Молдавија, Андора, Малта
Ова издание на Лигата на нациите е во битка за визи за Мундијалот во 2026 година. Првото место во групата води во баражите за Светското првенство, покрај пласманот во дивизија погоре. Втората позиција во групите води во доигрување со селекции од Лига Б, додека две најдобропласирани репрезентации на четвртото место ќе играат бараж за опстанок во Лига Ц.