Денеска со почеток од 17 часот на програмата е првото коло од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), Македонија Ѓорче Петров цели кон експресно враќање меѓу најдобрите.
Заврши паузата и за второлигашите. Клубовите во второто по ранг фудбалско натпреварување во Македонија ги почнуваат своите битки за бодови по терените.
Како главен фаворит за првата позиција се истакнува Македонија Ѓорче Петров која беше и најактивна во преодниот рок. Бобан Грнчаров создаде тим кој треба да им донесе на лавовите експресно враќање во елитата.
Високи амбиции повторно ќе има Детонит Плачковица, но и Охрид кој го доведе Никола Илиевски Џиџи за нов тренер. Освежена во раководните структури и во играчкиот кадар е Брегалница која исто така ќе цели кон врвот. А ќе биде интересно да се види како ќе функционира и амбициозниот Борец.
Исто како и минатата сезона, првите две екипи ќе изборат директен пласман во елитната конкуренција, а третопласираниот тим ќе игра бараж со десеттиот од Првата лига.
Денеска на програмата се вкупно седум дуели, а мечот меѓу Борец и Башкими е презакажан за на 20. август поради административни проблеми на домашниот тим.
- коло ВМФЛ 17:00 часот:
Арсими – Беласица
Брегалница – Победа
Детонит – Новаци
Скопје – Вардарски
Кожуф – Каменица Саса
Македонија ЃП – Охрид
Осогово – Вардар Неготино
20.08.2024: Борец – Башкими