136
Битолски Пелистер се пофали со ново засилување за сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
Нов член на „зелено-белите“ е Александар Катаниќ, кој во Битола доаѓа од редовите на Балзан од Малта. Се работи за 29-годишен централен напаѓач кој ќе биде засилување за офанзивниот дел од тимот на битолчани.
Катаниќ во својата кариера настапуваше за Бачка Топола, Лозница, Телеоптик, Металац, Старо Бановци и Бежанија во Србија, додека освен во Малта настапуваше и во финска Хонка. Исто така, напаѓачот имаше и авантура во Силекс во 2023 година, за кој одигра 11 натпревари и даде четири гола.