Утре во Лигата на шампионите се среќааваат Црвена Звезда и Барселона, а пред овој натпревар интересна изјава даде фудбалерот на домашните Андрија Максимовиќ.
Максимовиќ го носи прекарот „српскиот Меси“, а пред овој натпревар е полн со самодоверба и сака да покаже дека е подобар од тинејџерската ѕвезда Ламин Јамал.
„Се сретнавме на Европското првенство. Одличен фудбалер, тука е и Кубрси. Тие се моја генерација, утре ќе излезам и ќе покажам дека сум подобар од него (Јамал)“, изјави Максимовиќ.
Натпреварите во Европа за него имаат големо значење.
„Против Интер ми беше деби и тука видов дека можам да играм големи натпревари. Против Монако не изгледаше натпреварот онака како што замисливме, но утре ќе биде мојот најсилен противник…Се чувствуваме подготвени, пред нашата публика се е можно“, порача Максимовиќ.