348
Репрезентациите на Хрватска и Италија в понеденик од 21:00 ќе го одиграат клучниот натпревар за пласман во нокаут фазата на Европското првенство.
По лошата претстава против Шпанија и поразот, селекторот на Италија, Лучијано Спалети ќе прави промени. Италијанците најавуваат дури пет нови имиња во тимот за последното коло против „коцкестите“. Се очекува првотимскиот статус да го загубат Џанлика Скамака, Федерико Киеза, Жоргињо, Давиде Фратези и Џовани Ди Лоренцо.
На нивно место би влетале Дармиан, Кристанте, Закањи, Распадори и Ретеги.
Натпреварот во Лајпциг е донекаде полесен за Италија, бидејќи ѝ одговара и реми против Хрватите.