Италијанскиот селектор Лучијано Спалети во тренинг кампот на „аѕурите“ повика пет легенди, со цел да ги мотивира своите фудбалери пред Европското првенство.
Гости на репрезентативниот камп беа Роберто Баџо, Џани Ривера, Алесандро Дел Пиеро, Франческо Тоти и Џанкарло Антоњони. Тие поразговараа со актуелните фудбалери на Италија и споделија свои мислења, а Спалети откри зошто се решил на ваков потег.
„Ги повикав легендите во нашиот камп бидејќи тие можат да донесат емоции, да ви дадат инспирација и да ви покажат како да одите напред. Сакавме да внесеме дел од историјата во репрезентативниот камп. Замислете како ги гледаат на тренинг, тоа ги тера играчите да ја поместат летвичката“, кажа Спалети.
Италијанците ќе играат во група со Шпанија, Хрватска и Албанија на претстојниот континентален собир.