Со добрите партии Реијндерс добива нов и побогат договор од Милан!

by 24 фудбал
1 минути читање

Челниците на Милан се презадоволни од партиите на Тиџани Реијндерс и веќе размислуваат да го наградат со нов договор.

Холандскиот фудбалер за врска има активен договор до летоот 2028 година, меѓутоа со партиите во последно време си заслужи да добие побогат и подолг договор. Самиот Реијндерс е пресреќен во Милан и се очекува преговорите да течат лесно.

Двете страни нема да брзаат со дискусиите, Милан треба да презентира подобри услови за фудбалерот кој игра сè подобро.

Инаку, Реијндерс пристигна во Милано минатото лето за 19 милиони евра од ПСВ Ајндховен. По првата турбулентна сезона во која често не беше на своја позиција, сега под Пауло Фонсека и со дефанзивен играч за врска како Јусуф Фофана зад себе, Реијндерс почна да ја покажува својата техничка способност.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани