Легендата на Манчестер Јунајтед Пол Сколс зборуваше за според него најголемото промашување во историјата на Манчестер Јунајтед.
Многумина ќе кажат дека Антони кого Јунајтед скапо го плати е на врвот на оваа листа, но Сколс има друг избор. За него нема поголемо промашување во англискиот гигант од голманот Марк Боснич.
Овој чувар на мрежата во клубот помина три сезони во два мандати. Боснич во Јунајтед ја започна кариерата, а подоцна го чуваше голот помеѓу 1999 и 2001 година.
„Требаше да најдеме замена за Шмајхел и знаевме дека ќе биде тешко. Боснич не беше лош во Астон Вила, но кога дојде кај нас беше крајно непрофесионален. Беше смешен за гледање. На вежбите за шутеви кои траат 15-20 минути се изморуваше за три. Скапо беше платен и Јунајтед, меѓутоа за мене Боснич е најлошиот фудбалер кој играл за Манчестер Јунајтед“, изјави Сколс.
Голот на Манчестер Јунајтед Боснич го чуваше на 38 натпревар и освои шампионска титула во сезоната 1999/2000.