Скандал на СП во футсал: Французите намерно примаа голови (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Групната фаза на Светското првенство во футсал имаше скандалозна завршница, а виновна е селекцијата на Франција.

Французите во последното коло беа поразени со 1:4 од Иран, но тие во овој натпревар буквално ги пуштаа противниците да поминуваа покрај нив и да постигнуваат голови. Причина е што таков пораз им одговараше за да го избегнат Бразил во осминафиналето.

Со поразот имаат отворен пат до полуфиналето бидејќи прво ќе играат против Тајланд, а потоа ќе одат на подобриот од мечот помеѓу Парагвај и Авганистан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани