Натпреварот од 36. коло во француската Лига 2 помеѓу Троа и Валенсиен не го дочека својот крај и беше прекинат во 89. минута поради нереди кои ги приредија домашните навивачи.
Имено, Троа се наоѓа во грчевита борба за опстанок во која не зависи само од себе, па поради тоа сите очекуваа победа против ривалот кој веќе е виден во ранг подоле. Сепак, работите на теренот не одеа во посакуван правец за домашниот тим.
03/05/2024 France A dark night for Troyes. Their home match vs Valenciennes is abandoned as fans throw flares onto pitch, and some players throw them back into stands! Troyes are on the brink of successive relegations. Owned by the City Football Group, fans ironically chant… pic.twitter.com/SLi6QPDjRS
— (@thecasualultra) May 3, 2024
Симон Елисор донесе водство за Троа, тим кој е во сопственост на групацијата која го поседува и Манчестер Сити. Во продолжение, сепак Ник Фенема успеа да донесе израмнување за Валенсиен. Нерешеиот резултат на Троа и остави само теоретски шанси за опстанок.
Троа на табелата во овој момент е на 17. место со 37 бодови, додека Валенсиен е последен со 23. Двата тима се на чекор од испаѓање во третата лига.