387
Moхамед Камара фудбалерот на Монако е суспендиран на четири месеци поради прикривање на пораки против хомофобија на својот дрес.
Во текот на победата на Монако против Нант, Камара со бела лента го прекри логото на кампањата за борба против хомофобија.
Француската министерка за спорт, Амели Уде Кастер изјави дека Камара заслужува најстроги санкции.
Монако изрази поддршка на кампањата, а извршниот директор на клубот Тијаго Скуро најави дека клубот интерно ќе ја разгледува ситуацијата со Камара.
Малискиот фудбалски сојуз исто така го поддржа Камара и истакна дека правата на фудбалерот мораат да бидат загарантирани.