Поранешниот шпански судија, Матеу Лахоз ја прокоментира спорната ситуација на мечот меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен која се случи пред самиот крај на натпреварот.
Иако ситуацијата беше неизвесна дали е офсајд или не, помошникот судија го крена знаменцето, а главниот судија Симон Марчињај свирна и ја прекина акцијата од која Баерн даде гол.
„Се случи најлошата можна работа во судењето, катастрофа која никој не сакаше да ја види. Свирежот на главниот судија оневозможува прегледување ВАР во ваква ситуација. Тоа не е грешка на помошниот судија, туку на главниот. Акцијата завршува кога ќе се огласи главниот судија, а не кога помошникот ќе го крене знаменцето“, појасни Лахоз.
Сепак, тој застана во одбрана на Марчинијак за кого рече дека е можно да погреши, како што грешат сите спортисти.