38
Екипата на Динамо Загреб се наоѓа пред два тешки натпревари, прво утре против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, а потоа за викендот со Хајдук во домашното првенство.
Пред овие два натпревари тренерот Ненад Бјелица се соочува и со проблеми со повредени фудбалери.
Минатата недела се повреди Петар Сучиќ, а денеска е потврдено дека на располагање Бјелица вечерва нема да ги има македонскиот фудбалер, Аријан Адеми и Петар Мишиќ. Двајцата утре сигурно нема да настапат, но се неизвесни и за дуелот за викендот.
Во средниот ред Динамо во овој момент ги има на располагање: Батурина, Качевенда, Стојковиќ и Рог.