111
По објавата на Фабрицио Романо дека Винисиус Жуниор нема да биде освојувачот на „Златната топка“ на социјалните мрежи се појави и фотографија од конечниот список на гласовите.
Ако судиме според овој список Родри од Манчестер Сити освои 421 поен во гласањето и тоа е 41 од Винисиус кој останал на втората позиција со 40 помалку.
Далеку зад нив е Џуд Белингем со 221, па потоа следат: Лаутаро, Карвахал, Ламин Јамал, Мбапе, Халанд, Крос, Палмер…
Сепак, треба да се напомене и дека утрово се ширеше фотографија на која Винисиус е на врвот, меѓутоа по објавата дека Реал Мадрид ќе ја бојкотира церемонијата стана јасно дека станува збор за „лажен список“.