342
Се потврдија стравувањата на Холанѓаните пред Европското првенство, по Френки Де Јонг, стигна потврдата и дека турнирот ќе го пропушти Теун Копмајнерс.
Фудбалерот на Аталанта се повреди на последниот подготвителен натпревар кој Холандија го играше против Исланд.
Се надеваа Холанѓаните дека можеби ќе го имаат за еден дел од првенството, меѓутоа ниту за него вестите не беа добри.
Така Куман ќе мора да бара решенија во средниот редниот ред бидејќи Де Јонг и Копмајнерс се двајцата најважни фудбалери во тој дел од теренот.
На првенството Холандија првиот натпревар го игра против Полска во недела, а во групата се уште Франција и Австрија.