323
Фудбалската репрезентација на Македонија загуби на гостувањето во Хрватска со 3-0 (2-0) во пријателски натпревар од јунскиот прозорец.
Уште едно бледо издание на избраниците на Благоја Милевски предизвика сериозни критики во јавноста. Фудбалерите потфрлија и освен неколкуте шанси во Риека не покажаа речиси ништо. Поради тоа, критиките се донекаде и оправдани.
На критиките се надоврза и поранешниот капитен на репрезентацијата на Македонија, Стефан Ристовски. Бекот на Динамо Загреб објави фотографија од себе во репрезентативниот дрес со раскрварена глава. Ристовски не напиша ништо, меѓутоа сепак испрати многу моќна порака. Веројатно тој сакаше да нагласи јас дури и крварев за дресот на Македонија…