Се најавува пресврт: Компани побарал од Баерн да го задржи Дејвис по секоја цена!

by 24 фудбал
1 минути читање

Германскиот новинар Флориан Плетенберг најавува голем пресврт во Баерн Минхен.

Веќе некое време се зборува дека Алфонсо Дејвис е на излезните врати на баварскиот гигант, а својата шанса ја чека Реал Мадрид. „Кралевите“ сакаа ова лето да разговараат со Баерн за трансфер на играчот кој ќе влезе во последната година од договорот, околу трансфер, но подготвени се и да го чекаат да дојде бесплатно следното лето.

Пресвртот се најавува во Минхен, бидејќи со доаѓањето на Винсент Компани, кој побарал од управата по секоја цена да го задржи 23-годишниот бек.

Алфонсо Дејвис имаше понуда од 13-14 милиони евра годишна плата до 2029 година, меѓутоа неговите барања беа доста повисоки бидејќи сакаше барем 20. По барањето на Компани се очекува Дејвис и челниците на Баерн пак да седнат на преговарачка маса.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани