Жозе Мурињо најави дека наскоро би сакал да се врати во фудбалот, а денеска пристигнува и најава која би можела да биде негова следна дестнација.
Наводно, сериозен интерес за португалскиот стратег покажал Фенербахче. Во овој клуб наскоро ќе се одржат претседателски избори, а двајцата кандидати кои се во трка за водење на клубот го најавија Мурињо како свој фаворит за тренерската позиција.
Во трка за претседател на Фенербахче е актуелниот прв човек Али Коч, додека противкандидат му е Азиз Јилдирим. Двајцата наводно веќе го контактирале Мурињо и добиле позитивни сигнали.
Како и да е останува да видиме што ќе се случува во наредниот период и дали навистина Мурињо би работел во Турција. Ќе потсетиме, последниот ангажман Мурињо го имаше во редовите на Рома.