120
Во редовите на Фарски Острови се принудени да прават промени за натпреварот против Македонија кој на програмата е на 7 септември.
Македонија ќе гостува во Торшван, а за овој дуел домаќинот нема да може да смета на Брандур Хендриксон кој отпадна поради повреда. Станува збор за фудбалер кој одигра 53 натпревари за оваа репрезентација и важи за еден од најважните во составот.
Исто така селекторот на „фараните“ Хакан Ериксон се одлучи да повика и тројца нови играчи: Сони Натештад, Патрик Јоханесен и Паетуар Петересен.
Фарски Острови и Македонија ќе играат в сабота со почеток од 15:00 часот. Три дена подоцна Македонија ќе ја пречека Ерменија во Скопје.