Аргентина без селекторот Лионел Скалони ќе биде на утрешниот натпревар против Перу, кој е последен од групната фаза од Копа Америка.
Скалони доби неочекувана суспензија, а причината е крајно необична.
Аргентинските фудбалери задоцниле со излегувањето од соблекувалната на полувремето на двата досегашни меча од Копа Америка, против Канада и Чиле.
Канаѓаните и формално се пожалиле на овој пропуст, а со оглед на тоа што истото се повторило и на двата меча, следувало казна.
Според правилата, казната за вакво дело ја сноси селекторот, па Скалони доби суспензија од еден меч.
Аргентина веќе го освои првото место во групата и се пласираше во четвртфиналето, па дуелот со Перу за нив нема резултатско значење.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.