66
Винициус Жуниор не ја доби Златната топка на церемонијата на „Франс Фудбал“, а тоа предизвика лавина реакции. Многумина сметаат дека тој ја заслужи и е оштетен, додека другата страна вели дека неговото недолично однесување на терените е причина поради која заслужено не ја доби.
Еден доказ за неговото однесување на терените имаше и на „Ел Класико“. За волја на вистината Гави ја започна препирката покажувајќи му дека ги водат 0-4, а Бразилецот само продолжи.
Винициус на натпреварот меѓу Реал и Барселона на Гави му одговори нешто во стил: „Јас утре ќе земам Златна топка, што ако водите“. Сега тие зборови му се одбија од глава и остана со празни раце, па се крена прашина и сеир низ цел свет.