133
Екипата на Саутемптон во последниот ден од преодниот рок се засили со голманот на Арсенал, Арон Рамсдајл.
26-годишниот голман во Саутемптон доаѓа за сума од 30 милиони евра, а Арсенал го напушти во потрага поминутажа. Со Саутемптон потпиша договор на четири години.
Уште веднаш тој ќе се стави на располагање на тренерот Расел Мартин. Интересен беше начинот на кој тимот од „Сент Мери“ го претстави како ново засилување.