Винициус Жуниор беше во центарот на вниманието поради случувањата поврзани со Златната топка, а сега светските медиуми пишуваат за Бразилецот на друга тема.
Имено, бразилската ѕвезда на Реал Мадрид е на мета на клубовите од Саудиска Арабија. Според „Footmercato“, неименуван клуб од оваа земја му нуди нешто невидено досега во фудбалот.
На маса за Винициус е договор на пет години според кој би заработил милијарда евра годишно, што ги надминува границите на нормалното, а ја докажува желбата на Саудијците да го доведат во својот фудбал.
Освен тоа, Винициус би добил одврзани раце за спортската политика на клубот. Практично, тој би бил спортски директор од сенка, поточно би се прашувал за трансфер политиката и изгледот на тимот. Нема сомнеж, ако ова се исполни ќе биде невиден преседан во фудбалот…