На мечот со Борнмут, Џејдон Санчо ги одигра првите минути во дресот на Челси, настапи во цело второто полувреме и беше одличен, асистираше и за победничкиот гол на Нкунку.
Ерик тен Хаг поради лични причини не му даде шанса на Санчо во Манчестер јунајтед. Го форсираше Рашфорд иако тој многу долго играше во очајна форма, а Англичанецот не беше ниту на клупата за резерви, каде седеше пример еден Антони кој се покажа дека е едно од најголемите промашувања на клубот.
Санчо најпрво беше импресивен на позајмицата во Борусија Дортмунд со која стигна до финалето од Лигата на шампионите минатата сезона, но ниту тоа не го врати во првиот тим на Манчестер јунајтед.
Напротив, Тен Хаг не сметаше на него, па клубот го прати во Челси, а Санчо уште на својот прв настап покажа што знае и ја доби наградата за играч на мечот.