209
Четвртфиналните натпревари на Европското првенство ќе почнат со дерби дуелот меѓу Германија и Шпанија кој се игра во петок од 18 часот.
Во пресрет на дуелот, германскиот репрезентативец, Лирој Сане зборуваше за Шпанија, а посебни пофалби имаше за Ламин Јамал.
„Шпанија е многу силна, тие играат агресивен фудбал и дефанзивно се многу силни. Со Ламин Јамал имаат фудбалер кој ме тера да се запрашам: Како е можно ова на негови години?. Тоа е неверојатно. Ужувам да го гледам. Се надевам дека ќе продолжи така“, вели Сане.
„Во Родри го имаат главниот играч во средниот ред кој би го споредил со Тони Крос. Тој е врската меѓу дефанзивата и нападот. Родри го диктира темпото на играта“.