68
Синот на славниот камерунски напаѓач, Самуел Ето, Етјен дебитираше со гол во дресот на првиот тим на Рајо Ваљекано.
Етјен доби шанси во натпреварот од Копа Дел Реј кој Рајо лесно го доби против Виљамуриел и голот го постигна во завршницата од натпреварот како потврда за убедливиот триумф.
Во минатото Етјен беше дел од младинските категории на: Мајорка, Атлетико, Овиедо и Гимараиш, а Рајо го доведе летово, но досега беше член само на вториот тим.
Кога е репрезентативната кариера во прашање зад себе Етјен има настапи во младинската селекција на Камерун.