199
Екипата на Вулверхемптон се реши за непопуларно барање и на гласање пред останатите клубови во Премиер лигата стави предлог за укинување на ВАР технологијата.
Гласањето беше закажано за денес, а предлогот на „волците“ мина непопуларно. Само Вулверхемптон гласаше „ЗА“ укинување на видео технологијата од најсилната лига на светот. Сите останати деветнаесет клубови изгласаа „ПРОТИВ“ овој предлог.
„Video assistant referee“ беше воведена во Премиер лигата во 2019 година, меѓутоа делува дека на највисоката сцена Англичаните ја користат најлошо.
Само оваа сезона имаше бројни контроверзии кои предизвикаа премногу бранови во јавноста.