235
Фудбалерот на Шкупи, Кристијан Трапановски е многу блиску до потпис со шкотскиот Данди Јунајтед со што би станал трет македонски фудбалер во оваа земја.
Тренерот на Данди Џим Гудвин е најголемиот заговорник за трансфер на Трапановски и според информациите на медиумите наскоро се треба да биде потврдено.
Двете страни се во последни преговори и треба да биде побарана работна дозвола за македонскиот фудбалер.
Во редовите на Данди, Трапановски би пристигнал како слободен играч откако му заврши договорот со тимот од Чаир.