273
По долга борба за живот на 31-годишна возраст почина египетскиот фудбалер, Ахмед Рефат.
Фудбалерот кој во март месец имаше срцев удар во мечот помеѓу неговиот Модерн Фјучур и Ал Итихад ја изгуби битката која ја водеше неколку месеци. Во еден период неговата состојба беше подобра, но утрово бил пренесен во болница каде што починал.
Зад себе Рафат имаше и седум настапи за репрезентацијата на Египет, но беше и добар пријател со Мохамед Салах кој се огласи по трагичната вест.
„Бог нека подари трпение на неговото семејство и сите негови блиски“, објави Салах.
البقاء لله وربنا يصبر أهله وكل حبايبه 💔 pic.twitter.com/lkUBwtplcd
— Mohamed Salah (@MoSalah) July 6, 2024