Рудигер го „мачи“ младиот Ендрик, од него сака да направи кошмар за ривалите

by 24 фудбал
1 минути читање

Новиот бразилски талент Ендрик неодамна пристигна во Реал Мадрид и веќе ги започна подготовките за новата сезона со новите соиграчи.

Според шпанските медиуми, еден од фудбалерите кој е најпосветен на младиот Бразилец е стоперот Антонио Рудигер. Германскиот дефанзивец прави сè што е во негова моќ за да му ја отежне работата на Ендрик кога тие играат еден против друг, го чува силно како најдобрите напаѓачи на светот.

Покрај тоа, Рудигер константно му дели совети за време на тренинзите, го тера да биде посилен во дуелите и сака да му помогне да израсне во страшен напаѓач кој ќе биде кошмар за противниците.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани